Започна судењето на трикратниот убиец од Кавадарци
Одговарајќи на прашања од својот бранител, Станов даде спротивни искази во однос на прашањата поврзани испукување на истрелите...

Тони Станов го призна убиството на Илија, Билјана и Снежана Леови од Кавадарци. Признанието беше очекувано бидејки тој и во истражаната постапка изјавил дека со пиштол марка Црвена Звезда пукал во сега починатите лица, инаку родители и сестра на сопругата Данче од која се разведувал.
Одговарајќи на прашања од својот бранител, Станов даде спротивни искази во однос на прашањата поврзани испукување на истрелите.
Со умисла се сторени трите убиства, ова е став на Јавното обвинителство, докажите го покажувале тоа. И поранешна сопруга на обвинетиот пред судот говореше за заканите по живот кој нејзините родители ги добивале од Тони.
На 9-ти ноември минатата година Тони Станов по вребална расправија во семејниот дом на родителите на сопругата ги застрела Илија, Билјана и Снежана.
Сопружниците Илија и Билјана почлинале на лице место додека Снежена во кавадаречката болница.
Судењето породолжува на 15-ти овој месец.
Дијана Иванова
