Обнова на центрите за социјална работа

08.07.2015 15:21

Ресорниот министер Диме Спасов, денеска изврши увид во градежните зафати на центрите во Прилеп и во Битола...

По првата фаза во која беше извршена темелна реконструкција  и  реновирање на четири центри за социјална работа, во тек е втората фаза во која се опфатени  уште седум.

Ресорниот министер Диме Спасов, денеска изврши увид во градежните зафати на центрите во Прилеп и во Битола. Тендерската постапка за третата фаза привршува и  наскоро ќе започнат изведбените работи на уште триесет објекти.

За втората фаза од проектот, обезедени беа 36 милиони денари од Светска банка, додека за третата фаза ќе се инвестираат 1,2 милиони евра од европските фондови, преку ИПА- програмата.