Сепак недоволен раст на светската економија
ММФ идната недела ќе ги објави прогнозите за економскиот раст во светот во 2014-та. Иако Директорката на ММФ Кристин Лагард на првата конференција во Вашингтон во новата година не сакаше да посочи бројки, изјави дека тој во просек ќе биде под 4 проценти и се уште е многу низок.
„И покрај позитивното придвижување напред, растот се уште е закочен во ниско ниво. Веруваме дека ќе биде околу 4 проценти. Тоа значи дека ако ова се оствари, може да се отворат нови работни места во светот.„ Изјави Кристин Лагард- Директор на ММФ

Економијата во последната половина на минатата година зазела замав во позитивна насока, но и покрај оптимизмот, Лагард истакна дека постојат ризици и оваа година. Високо развиените земји треба да продолжат со буџетската дисциплина, економиите во развој со реформите и да избегнуваат зголемување на долговите. Според Лагард, светла точна на светската економија се земјите со мали приходи во Азија и Африка кои лани имале највисоки стапки на економски раст. Европа полека излегува од криза, но ситуацијата во земјите членки на еврозоната не е насекаде иста.
„Еврозоната јасно излезе од рецеција и оди кон опоравување. Но ако ја разгледате ситуацијата, растот е се уште неизбалансиран. Во некои земји економскиот раст е доста добар, а некои се уште немаат раст“ потврди Лагард.
Директорката на ММФ советуваше до земјите членки да продолжат во духот на соработка и поддршка на земјите во криза и за секој случај да ги чуваат своите резерви во повеќе валути, а не само во евра, долари или фунти.
Според Директорката на ММФ, Кристин Лагард, светот полека излегува од криза по 7-те мизерни години и постои надеж дека идните 7 години ќе бидат посилни за светската економија.
Од Вашингтон, Ирина Гелевска-постојан дописник на МРТ