Путин: Русија и Кина можат да ги решат сите проблеми
08.07.2015 17:51
Тој истакна дека Русија е свесна со сите работи со кои се соочува, но дека со здружени сили ќе можат да се пребродат сите потешкотии и предизвици...

Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на утрешниот самит на групата БРИКС, односно Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, изјави дека Русија и Кина со здружени сили можат да ги решат сите актуелни проблеми.
Тој истакна дека Русија е свесна со сите работи со кои се соочува, но дека со здружени сили ќе можат да се пребродат сите потешкотии и предизвици.
Официјална Москва се надева дека Самитот ќе покаже дека Русија не е изолирана на меѓународнара политичка сцена и покрај големите тензии во односите со Западот поради украинската криза.
