Мастерс на мајстори
Неизвесни партии, „тесни “ резултати, мајсторство на актерите ... се сликите од Александaр Палас во Лондон, каде што се одржува годинешниов Мастерс во снукер , традиционалниот турнир на 16-те најдобро рангирани играчи на светската листа. Во првиот натпреварувачки круг резултатски најуверливи беа светскиот првак Рони О,Саливен во победата над Милкинс со 6:1 и Џон Хигинс кој со 6:2 го елиминира Бингам. На сите други мечеви борбата за пласман во ¼ финалето траеше долго.

Неизвесни партии, „тесни “ резултати, мајсторство на актерите ... се сликите од Александaр Палас во Лондон, каде што се одржува годинешниов Мастерс во снукер , традиционалниот турнир на 16-те најдобро рангирани играчи на светската листа. Во првиот натпреварувачки круг резултатски најуверливи беа светскиот првак Рони О,Саливен во победата над Милкинс со 6:1 и Џон Хигинс кој со 6:2 го елиминира Бингам. На сите други мечеви борбата за пласман во ¼ финалето траеше долго. Селби во „мајсторката“ со 6:5 го надигра Дејвис, а во последниот фрејм се решаваа уште три дуели: Робертсон-Ален 6:5, Фу-Трамп 6:5, Волден-Хоукинс 6:5. Денеска се отвора ¼ финалната сеанса, 4 дуели со голема привлечност. Во дербито на колото Марк Селби во одбрана на ланската титула влегува во надигрување со Џон Хигинс. Денеска ќе играат и Марко Фу и Шон Марфи. Утре на програмата се дуелите Рони О, Саливен- Рик Волден и Нил Робертсон- Стивен Мегваер.
Годинешниов Мастерс е со досега рекорден награден фонд од 600 илјади фунти. Победникот ќе добие 200 илјади фунти.
