НСА прислушувала со децении
09.07.2015 13:19
Германските медиуми објавија информации од Викиликс според кои цел на шпионирањето биле од поранешните Хелмут Кол и Герхард Шредер до канцеларката Меркел...

Американската разузнавачка служба НСА со децении ги шпионирала германските канцелари. Германските медиуми објавија информации од Викиликс според кои цел на шпионирањето биле од поранешните Хелмут Кол и Герхард Шредер до канцеларката Меркел.
Не се знае кога почнало прислушувањето, но првиот податок на листата е за Јоханес Лудвиг, поранешен близок соработник на Кол, одговорен за одделот за економија кој го напуштил уште во 1994-та година.
