Египет ќе добие генерал за претседател
Египќаните на дводневниот референдум масовно се изјаснија позитивно за новиот Устав на земјата. Според првичните резултати, излезноста на референдумот била 55 проценти, а за него позитивно сеизјасниле над 95 проценти од гласачите. Резултатите не се изненадувачки, со оглед на тоа дека немаше никаква негативна кампања против новиот Устав.
„Добивме Устав што е соодветен на 21. век“, изјави Амр Муса, шеф на Комитетот за Устав.

Ова треба да го отвори патот за нови претседателски избори, а привремената воена влада го гледа како позитивен сигнал на кои најави дека ќе се кандидира генералот на египетската армија Абдел Фатах ал Сиси, предводникот на воениот удар против соборениот поранешен претседател Морси. Сепак, од една страна целта е воената власт да се замени со цивилна, а од друга, Муслиманските браќа го бојкотираат гласањето и инсистираат на легитимитетот на Морси.
„Нема да се кандидира како врховен генерал, туку како поранешен генерал“, рече Амр Муса.
„Јас сум против тоа воен претставник да излезе на избори“, вели Абдел Абул Футух, лидер на партијата Силен Египет.
Највисокиот правен акт на египетската држава ќе биде исчистен од исламистичкиот јазик кој беше внесен во него по египетската револуција пред три години, со која на власт дојдоа Морси и неговите Муслимански браќа. Освен тоа, со него ќе бидат зајакнати војската, полицијата и судството, институциите кои му се спротивставија на режимот на Морси.
Ивана Салтировска