Еврокомесарот Хан идната недела доаѓа во Македонија
Откако лидерот на СДСМ вчера ги пригласи преговорите за неуспешни, во случајот повторно се ангажира Брисел. Портпаролот Коцијанчич пренесе загриженост од најавата на Заев дека ќе продолжи со објавување снимени телефонски разговори и повтори дека состојбата е во критична точка...

Разговорите на четворицата лидери дојдоа до критична точка и затоа е потребно итно разрешување на кризата. Европската комисија со очигледна загриженост по вчерашната оценка на лидерот на опозицијата, Заев, дека преговорите се неуспешни и дека тој ќе продолжи да објавува прислушувани телефонски разговори што ги поседува, најави дека идната недела еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан повторно доаѓа во земјава.
„Сите знаете дека сите четворицата лидери го потпишаа договорот на 2тори јуни во Скопје, со повторување на обврските од 19-ти јуни. Според нас овој договор е основа за краен компромис и затоа веруваме дека тие мора да ги спроведат обврските од договорот и дека интересот на земјата треба да е пред сѐ. Еврокомесарот Хан е во постојани контакти со лидерите и планира да дојде во Скопје во почетокот на следната недела. Генерално, состојбата е на критична точка и компромисот мора да биде суштински елемент во демократијата и политичката енергија треба да биде фокусирана, не спрема партиските прашања туку на реформите, што се нагласени во препораките на комисијата“, изјави портпаролот на ЕК, Маја Коцијанчич.
Коцијанчич на денешната прес конференција истакна дека еврокомесарот направил сѐ за да го олесни изнаоѓањето на решението од ситуацијата во која се наоѓа земјава, но потенцираше дека одговорноста ја имаат политичките лидери.
Како гласоиговорник на еден од главните луѓе во посредувањето на разговорите, повика четворицата политичари да го направат она за што се заложиле со потпишувањето на договорот од втори јуни.
Катерина Топалова
