Спречен терористички напад во центарот на Брисел

09.07.2015 17:00

Полицијата упаси вооружен маж за кој постои сомнеж дека е поврзан со терористичка група која дејствува во Белгија. МТВ со ексклузивни снимка од акцијата на безбедносните сили...

Ова е улицата на која од 4 часот утрина скоро до 10 претпладне се одвиваше антитероросистичката акција на специјалните федерални полицски сили. Засега официјално приведено е едно лице со тешко вооружување,  за кое постои основано сомневање дека е дел од терористицките ќелии во ова држава, во срцето на Европа.

Припаднците на специјалните сили во акција која траше скоро 6 часа го чеслаа целиот простор на улицата „Ле Брусар“ која беше целосно блокирана за сообраќај и за пешаци. Инаку оваа улица се наоѓа во самиот центар на градот, повзана е со најфрекфентната „Авенија Луис“ и важи за исклучително безбедно место за живеење.

Според безбедносната опрема која беше активна на терен, што може да се забележи од ексклузивните снимки на екипата на МРТВ во Брисел, како и од жителите на ова улица кои од разбирливи причини не сакаа да говорат пред камера, станувало збор за сомневање за подметната експлозивна направа со големо разорно дејство.

Попладнево мининистерот за внатрешни работи на Белгија го потврди настанот, но не изнесе детали. Познавачите на околностите оценуваат дека причината е да не се попрецува истрагата, но и да не се крене паника меѓу локалното население.

Инаку, заштитата на безбедноста во Белгија, конкретно во Брисел, подигната е на второ ниво по терористичкиот напад на „Шарли Ебдо“ во Париз, како и антитерористичката акција во која беа убиени цетворица терористи во непосредна близина на Брисел, пред само 7 месеци.

Белгија важи и за расад на џихадисти кои војовуваат од страната на ИСИЛ.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ