Муцунски: Опозицијата се однесува несериозно

09.07.2015 17:14

Анкетата на ИРИ, која сигнализира голема предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, е показател кому му веруваат граѓаните – вели за МТВ аналитичарот Тимчо Муцунски. Според него, ако опозицијата сака да ја подобри својата позиција, потребно е одговорно да се однесува. Засега, владејачката партија е таа која ја ужива довербата...

Нашите внатрешни политички проблеми  можеме да ги решиме преку автохтон дијалог, заснован на аргументи и рационално размислување – вели Тимчо Муцунски од Правниот факултет во скопје. Тоа што опозицијата го прави со опцијата „сакам не сакам“ е неприфатливо ниту за македонските граѓани ниту за меѓународната заедница која посредува во изнаоѓање на решенија.  Барањето на опозицијата од странците нов предлог е сосем несериозно, констатира Муцунски бидејќи веќе постои потпишан договор од 2-ри јуни. Во ваква состојба граѓаните се држат во неизвевесност констатира, аналитичарот Муцунски.

Анкетата на ИРИ, вели Муцунски, каде во секој сегмент владеачката партија има водство пред опозицијата поголемо од 2,5 пати укажува на фактот кому граѓаните му веруваат. Можеби и не е за изненадување бидејќи довербата ВМРО- ДПМНЕ ја ужива постојано 9 години, а граѓаните тоа го покажуваат преку изборниот процес.

Впрочем, вели Муцунски јасно се гледа од анкетата дека граѓаните повеќе веруваат во Груевски отколку во Заев за решавање на предизвиците во економијата, локалната самоуправа безбедноста. Според него не изненадува ниту рејтингот на политичарите.

Муцунски на крајот констатира дека опозицијата треба одговорно да се однесува за доброто на граѓаните на Македонија при тоа заборавајќи ги своите партиски интереси.

 

Миле Ристески