ЕП: Сребреница никогаш да не се повтори

09.07.2015 17:17

Европскиот парламент со најсинлни зборови го осудува геноциодот од Сребреница кој се случи на 11-ти јули 1995 година и нагласува „вакви страшни злосторства, никогаш не смеаат да се повторат“. Европратениците исто така жалат што Советот за безбедност на ООН не успеа да ја усвои резолуцијата за направениот геноцид и повикува да се забрзаат постапките против воените злосторници на обвинетите з авоени злострство на подрачјето на поранешна Југославија...

Европскиот парламент и европратениците им оддадоа почит на жртвите од страшниот масакар во Сребреница, кои тие го нарекоа без двоумење „геноцид“, но и почит на сите други жртви во текот на војните во поранешна Југославија. Комеморацијата започна уште во понеделникот со оддавње на минута почит за време на пленарната сесија.

„Сребреница мора да служи како опомена дека такви грозни злостроство повеќе не смеат да се повторат“ – истакна Тања Фајон, која за време на пленарната  сесија заедно со европратениците Јозо Радош (АЛДЕ, Хрватска), Едвард Кукан (ЕПП, Словачка), и Игор Шолтес (Зелени, Словенија) им поделија на сите европратеници ружи рачно изработени од здружението на „Мајките на Сребреница и Жепа“, кои нè потсетуваат дека таков ужасно кривично дело никогаш повеќе не смее да се повтори.

„Испраќам повик до политичките лидери на БиХ и на целиот регион да дадат пример и да му мпомогнат на општетсвото да се признае ова тешко минатот за да да се оди понатаму“- изјави Кристиан Дан Преда.

Од 8.000 жртви во Сребреница, уште 1.200 не се идентификувани. Европратениците ги отрфрлија сите „негаторства, релативизации или лоши интерпретации на геноцидот“ и сметаат дека 20 годишнината „треба да биде ново потсетување на опасностите од крајните форни на нациоализам и нетрпеливоста во општествата, кои додато се влошуват во период на војна“.

„Вратата на Европа е отворена за тие кои го земаат патот на демократијата и прванта држава, со заедничко разбирање дека помирувањето е витално за безбедснота и соработката на западен Блакан“ – заклучи претседателот на ЕП, Мартин Шулц.

Европратениците посебно изразија жалење што ООН , чија првенстванеа задача е да го чуваат мирот и безбднсота, не успвои резолуција за Сребренциа со која маскарот ќе беше окарактеризиран како геноцд, посебно ако се знае дека Меѓунардониот суд злостроството од Сребреница го нарече геноцид.

Тони Гламчевски