Македонија на 105-то место

09.07.2015 17:42

Националниот состав е за пет позиции подолу во однос на претходното рангирање...

Поразот од Словачка и претпоследното место во квалификациите ја однесоа македонската фудбалска репрезентација на 105-тото место на ранг листата на ФИФА. Националниот состав е за пет позиции подолу во однос на претходното рангирање.

Фаворитите во нашата група котираат високо, иако Шпанија излезе од првите десет и сега е 12-та светска фудбалска сила. Словачка е 15-та, Украина 27-ма, Белорусија се наоѓа на стотото место, а Луксембург е 146-ти. На чело е Аргентина, а во првата петка се и Германија, Белгија, Колумбија и Холандија.