Заплена-помош за најзагрозените семејства

16.01.2014 11:50

Обувки, текстил, играчки. Прилепскиот центар за социјални работи на 120 ина најзагрозени семејства од регионот им ја дели помошта што стигна од Министерството за труд и социјална политика. Тоа е стока што државата ја заплени преку царината.

-Дома сме 10 души. Синот има 4 дечиња. Колку-толку е. Добредојдена е помошта, вели Кадар Ајвазоски од Прилеп.

-Добивме некои алишта, патики, ракавици. Ако нема повеќе, добро е и за толку.

-Тројца членови во семејството сме. Не е никој вработен. Задоволни сме од помошта што се донира, вели  Алекса Митрески од селото Крушани, кривогаштанско, велат анкетираните.

Интересот е огромен, се јави незадоволство кај социјалните семејства. Поднесени биле 350 барања.

- Стручниот тим при Центарот за социјални работи од сите одвои 120 барања. Опфатени ќе бидат најзагрозените семејства: корисници на социјална парична помош, на постојана парична помош, вели Зоран Малкоски од прилепскиот меѓуопштински центар за социјални работи.

Уште околу 200 социјално загросени семејства очекуваат да добијат од стоката што ја распределува Министерството за труд и социјална политика. Од прилепскиот центар добија ветување дека и ним ќе им се излезе во пресрет.

Се најавуваат и други акции.

-Министерството изјави дека ќе има и наредни вакви акции. Сите кои не се опфатени, ќе бидат во наредните акции, вели Зоран Малкоски.

Од 120 најзагрозени, помошта веќе ја добија половината од семејствата.

Новинар: Елизабета Митреска

Снимател: Илчо Димески