Министерот Попоски на Croatia Forum 2015 во Дубровник
Тридневниот фирум е на тема „Новата политика на развојот - кон партнерство и заедничка визија”, а министерот Попоски ќе учествува на панелот посветен на „Надворешна, безбедносна и развојна политика: меѓусебната поврзаност и меѓусебната зависност“...

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска ќе учествува на овогодишниот, десетти по ред, Croatia Forum 2015, во Дубровник, Република Хрватска.
Тридневниот фирум е на тема „Новата политика на развојот - кон партнерство и заедничка визија”, а министерот Попоски ќе учествува на панелот посветен на „Надворешна, безбедносна и развојна политика: меѓусебната поврзаност и меѓусебната зависност“.
На маргините на Форумот, се очекува шефот на македонската дипломатија да оствари билатерални средби со своите колеги од земјите од регионот.
Предвидено е Форумот да биде своевидна подготовка на претстојната Меѓународна конференција за финансирање на развојот, што ќе се одржи во Адис Абеба, во рамките на развојните планови на Обединетите нации за периодот по 2015 година. Прв пат на овогодишниот Croatia Forum 2015, ќе учествуваат високи државни претставници од Африка.
