Пожар на хрватскиот полуостров Пељешац уништи 70 хектари борова шума
10.07.2015 10:31
Според противпожарната служба се очекува пожарот да биде успешно неутрализиран во текот на денот...

На хрватскиот полуостров Пељешац вчера попладне избувна пожар што зафати 70 хектари борова шума. Во гаснењето на огнената стихија учествувале 80-тина пожарникари коишто успеале да ја локализираат. Го акцијата биле вклучени и два канадера.
Според противпожарната служба се очекува пожарот да биде успешно неутрализиран во текот на денот.
Ова е втор пожар во јужниот дел на Хрватска за помалку од една недела. Минатиот петок на ридот Велеч во приморјето на Дубровник изгореа 70 хектари густа борова шума. За пожарот е приведен 37-годишен маж, против кого е покренато обвинение.
