Најмалку 23 лица загинаа во стампедо во Бангладеш

10.07.2015 10:35

Околу 1.500 луѓе се обиделе да минат низ тесниот влез на фабриката, каде чекале уште од пред изгрејсонце...

Најмалку 23 луѓе загинаа во стампедо во фабрика во Бангладеш. Трагедијата се случила додека се делела бесплатна облека.

Околу 1.500 луѓе се обиделе да минат низ тесниот влез на фабриката, каде чекале уште од пред изгрејсонце.

Поголемиот број од жртвите се сиромашни жени. Сопственикот на фабриката и други шест лица се уапсени.