МРТ: Нимиц нема да ги брифира европарламентарците
Посредникот на ОН во разликата околу името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц нема да зборува пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент во февруари, јавува дописникот на МРТ од Стразбур.
Од службата за печат на Комисијата беше речено дека Метју Нимиц не е поканет да зборува за разговорите што се водат меѓу Скопје и Атина околу името, како што најави грчкиот весник „Катимерини“.

Од Комисијата за надворешни работи на Европарламентот се вели дека има обичај да се покануваат надворешни гости за да го кажат своето мислење пред европратениците за некои прашања, но тоа не се однесува на посредникот Нимиц.