Петок, првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани

10.07.2015 12:44

17 јули, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија...

Првиот ден на Рамазан Бајрам, петок 17 јули, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. 

Од Министерството на граѓаните со исламска вероисповед им го честитаат Рамазан Бајрам.