Набавени 3.000 вакцини против стрептокока
Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска соопшти дека вакцината е достапна и сите родители кои сакаат да го вакцинираат своето дете потребно е да се обратат до центрите за вакцинација во своето место на живеење и да се пријават...

Десет дечиња се бесплатно вакцинирани против бактеријата стрептокока. Министерството за здравство веќе обезбеди 3 илјади дози. Имунизацијата против оваа бактерија не е задолжителна, но се препорачува за деца со намален имунитет - штити од воспаление на белите дробови и увото, бронхитис, сепса. Можат да се вакцинираат деца од 6 недели до 5 годишна возраст.
Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска соопшти дека вакцината е достапна и сите родители кои сакаат да го вакцинираат своето дете потребно е да се обратат до центрите за вакцинација во своето место на живеење и да се пријават, по што во рок од 10 дена ќе бидат повикани за вакцинација. Посочи дека веќе десетина деца се вакцинирани.
„Според досегашното искуство, појасни министерот, поголем дел од родителите бараат вакцинација, односно заштита на децата од оваа бактерија која релативно често предизвикува заболувања кај децата“, нагласи министерот Тодоров.
Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство рече дека вакцината не може да се прими само со фаза на акутно заболување, ако детето има температура и симптоми.
Кога нема симптоми вакцината може да се прими затоа што оваа бактерија многу често може да ја има во носот и грлото кај детето, но да не дава симптоми, само да стои како колонизирана, па да биде опасност за другите деца. Токму затоа ќе ги вакцинираме за да не може да заболат, истакна Костовска.
