Чавков на состанок со министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ

10.07.2015 13:38

На билатералните средби со неговиите колеги од Унгарија, Австрија, Србија и Германија, министерот Чавков предложил конкретни решенија за зајакнување и продлабочување на соработката на државите засегнати со зголемен прилив на илегални мигранти кои транзитираат низ балканска рута кон земјите членки на Европската Унија...

Во рамки на неформалниот состанок на министрите за правда и внатрешни работи на Европската Унија кој се одржува во Луксембург, министерот за внатрешни работи Митко Чавков учествуваше на работните сесии посветени на борбата против тероризмот и комјутерските напади како еден од облиците на тероризам, како и на работната сесија посветена на остварување на правата на барателите на азил од Блискиот Исток кои бегајќи од воените судири пристигнуваат во земјите на Европската Унија.

На билатералните средби со неговиите колеги од Унгарија, Австрија, Србија и Германија, министерот Чавков предложил конкретни решенија за зајакнување и продлабочување на соработката на државите засегнати со зголемен прилив на илегални мигранти кои транзитираат низ балканска рута кон земјите членки на Европската Унија.

За да се креира регионален одговор, Чавков предложил искористување на постојните меѓународни инструменти за соработка, а особено на конвенцијата за полициска соработка на земјите од Југоисточна Европа која претставува правна основа за зајакната размена на информации, заеднички патроли на граничните линии и користење на техничка опрема и средства, формирање заеднички истражни тимови.