ССК: Случувањата во Грција засега не влијаат врз платниот промет на домашните компании

10.07.2015 13:42

Нормално е сите држави со кои граничиме да имаат одредено влијание, но бидејќи кризата во Грција не е прелеана кај нас, се уште не ги чувствуваме ефектите и проблемите кои тие ги имаат, изјави претседателката на ССК...

Случувањата во Грција засега немаат големо влијание врз платниот промет на македонските компании, сметаат компаниите членки на Сојузот на стопанските комори (ССК). Но, тоа не значи, велат, дека и во наредниот период ќе биде така.

Нормално е сите држави со кои граничиме да имаат одредено влијание, но бидејќи кризата во Грција не е прелеана кај нас, се уште не ги чувствуваме ефектите и проблемите кои тие ги имаат, изјави претседателката на ССК Данела Арсовска.

Според неа, стопанството може да се надева дека економската ситуација ќе биде подобра и оти нема да има влошување, потенцира Арсовска.