Унгарските компании заинтересирани за инвестиции во Mакедонија
За интензивирање на бизнис соработката и за унапредување на трговијата како дел од клучните заложби меѓу двете земји, до крајот на годинава е предвидено воведување директна авиолинија Скопје - Будимпешта...

Унгарските компании се заинтересирани за инвестиции во Mакедонија. Најголеми се потенцијалите за инвестиции во делот на туризмот, земјоделството, енергетиката и инфраструктурата, како и заеднички настап на трети пазари.
„Унгарија сака што повеќе нејзини компании да инвестираат во Македонија, а за тоа, освен економска, има и солидна политичка основа“, истакна државниот секретар за економска дипломатија во унгарското Министерство за надворешни работи Левент Маѓар.
Според него, за интензивирање на бизнис соработката и за унапредување на трговијата како дел од клучните заложби меѓу двете земји, до крајот на годинава е предвидено воведување директна авиолинија Скопје - Будимпешта.
Маѓар, по средбата во Сојузот на стопански комори го најави и претстојниот Македонско-унгарски бизнис форум за интензивирање на соработката, закажан за декември.
