Притвор за возачот кој ја предизвика сообраќајката кај „Зебра“
10.07.2015 14:22
Судија на претходна постапка го прифатил предлогот од надлежниот обвинител за одредување на притворот бидејќи биле исполнети законските основи за нејзино изрекување...

Притвор во времетраење од 30 дена му е одреден на 37-годишниот возач кој со својот автомобил ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павлоска пред три дена кај трговскиот центар Зебра.
Од Јавното обвинителство соопштуваат дека Судија на претходна постапка го прифатил предлогот од надлежниот обвинител за одредување на притворот бидејќи биле исполнети законските основи за нејзино изрекување.
Обвинителството вчера соопшти дека според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината, возачот бил под дејство на алкохол и марихуана.
