Порошенко: Зголемена терористичката закана во Украина
10.07.2015 14:30
На средба со премиерот Арсениј Јацењук и министерот за внатрешни работи Арсен Аваков порошенко рече: „Нивото на партизански и терористички закани во регионот надвор од зоната на конфликтот, значително се зголемило“...

Украинскиот претседател Порошенко изјави дека терористичката закана во земјата е значително зголемена. На средба со премиерот Арсениј Јацењук и министерот за внатрешни работи Арсен Аваков порошенко рече: „Нивото на партизански и терористички закани во регионот надвор од зоната на конфликтот, значително се зголемило“.
Порошенко не даде повеќе детали, но додаде дека протокот на оружје од зоната на конфликтот, каде украинските војници се борат против проруските сепаратисти, претставува закана.
