По еден месец, нормализиран авиосообраќајот
16.01.2014 12:28
Сонцето ја растера маглата од Аеродромот Александар велики и овозможи постепено нормализирање на авио сообраќајот

Утрово беше реализирано само едно полетување кон Дортмунд, додека летовите за Загреб и за Истанбул беа откажани. Со подобрување на видливоста, веќе во 10, 45 беше отворена аеродромската патека и слета авионот на Визер, а по него и воздухопловите на линиите од Виена и од Дубаи . Во меѓувреме полета и авионот на Визер кон Базел. Поради маглата и намалената видливост во декември и првата половина на јануари беа откажани повеќе авио летови, а воздухопловите беа пренасочувани кон Охрид и Софија.
