Нуланд идната седмица во Македонија

10.07.2015 14:56

Американскиот дипломат во Скопје пристигнува по посетите на Црна Гора и на Косово, а потоа заминува за Тирана и за Белград...

Викторија Нуланд, американскиот помошник-државен секретар за Eвропа и Eвроазија, ќе има средби со македонскиот државен врв и со лидерите на партиите во Mакедонија, при нејзината работна посета на Западниот Балкан, од 11-ти до 14-ти јули.  Американскиот дипломат во Скопје пристигнува по посетите на Црна Гора и на Косово, а потоа заминува за Тирана и за Белград.

Според соопштението на Стејт Департментот, главни теми кои ќе ги покрене на средбите се билатералните и регионалните прашања, евроатлантската и регионалната интеграција.

Во информацијата не е прецизирано, дали посетата на Нуланд ќе се совпадне со престојот на еврокомесарот Јоханес Хан во Македонија, кој во почетокот на идната седмица, на состаноците со лидерите на политичките партии ќе побара почитување на преземените обврски од договорите на втори и 19-јуни.