Инцидент во прифатниот центар за странци

10.07.2015 15:27

Вчера МВР на 541 бегалци им издала потврда за искажана намера за поднесување барање азил...

Синоќа околу 21 часот имало инцидент во Прифатниот центар за странци каде се сместени мигранти. 8-мина мигранти се затвориле во една соба. Вратата ја блокирале со  ормари и кревети и извикувале слогани, заканувајќи се дека ќе ја запалат собата. Веднаш интервенирале полициски екипи и патролата на Алфа-тимот, како и Бригада за противпозарна заштита. За еден час состојбата била нормализирана.

Вчера МВР на 541 бегалци им издала потврда за искажана намера за поднесување барање азил. Од стапувањето на сила на измените во Законот за азил вкупно досега се издадени 10.469  вакви потврди. Во одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на правото на азил.