Над илјада уметници вработени во културните институции од 2006-та година
Заклучно со 2016-та година, се очекува решенија на неопределено време да добијат уште 104 лица кои се вработени во културните институции...

Директорите на културните институции велат- од 2006-та година наваму, вработени се 1.089 уметници, а се зголемени и платите за 60 проценти. Заклучно со 2016-та година, се очекува решенија на неопределено време да добијат уште 104 лица кои се вработени во културните институции.
„Денес немаме никаков проблем да изведеме било која композиција од синфониската литература затоа што имаме навистина квалитетни музичари кои се вработени“, вели Маја Чанаќевиќ, директор на Македонска филхармонија.
Директорите на националните институции изразија задоволство од преземените мерки во изминатиот период, со кои како што рекоа е спречен одливот на квалитетен уметнички кадар надвор од државава.
„Во МОБ, од 2006-та година па до денеска се вработени 188 уметници и 42 лица од административно- технички персонал“, изјави Дејан Прошев, директор на Македонската опера и балет.
Уметничкиот труд се валоризира и со доделување на националните пензии, рече министерката канческа.
„Во 2006-та година, наследивме навистина исклучително лоша состојба во сите институции во кои статусот на уметниците беше регулиран со договори на дело кои не предвидуваа ниту пензиско, ниту здравствено осигурување“, изјави Елизабета Канческа – Милевска, министер за култура.
Од 2006-та година, до денес, македонскиот народен театар го изоде патот доближувајќи се да го живее сонот на сите великани и доајени кои работеа во мнт, рече директорот Пројковски. За македонскиот народен театар освен 90-те нови вработувања, се случи и новиот објект, еден од водечките театри во Европа, додаде Пројковски.
Александра Перевска
