МВР распиша оглас за вработување 600 полицајци и 52 извршители
Освежување со млада сила. МВР распиша оглас за 600 полицајци и 52 –ца службеници во мистерството. Избраните кандидати ќе склучат едно годишен договор за обука за полицаец, а по завршувањето ќе бидат вработени во секторите за внатрешни работи...

Во полициските редови освежување со млада сила. МВР распиша оглас за 600 полицајци и 52 –ца службеници во мистерството. Избраните кандидати ќе склучат едно годишен договор за обука за полицаец, а по завршувањето ќе бидат вработени во секторите за внатрешни работи. Кандидатите за полицајци треба да државјани на РМ, да не наполниле полнолетни, до 24 години, со средно образование да се здравствено способни да не им е изречена казна. Од посебите услови потребно е момчињата да се најмалку 175 сантиметри, а девојките 165 и физички подготвени. Постапката за селекција на кандидатите ќе ја спроведува Комисија формирана од министерот.
„Заинтересираните кандидати при конкурирањето во оригинал или копија заверена на нотар треба да достават извод од матична книга на родените, Диплома за завршено четиригодишно средно образование; доказ дека со правосилна пресуда не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност и две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см“, изјави Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавноста во МВР.
Со вториот оглас се бара 52 –ца извршители. Шесмина во министерскиот кабинет, двајца во секторот за односи со јавноста, осуммина во одделот за информатика и телекомуникации, четворица во СВР Скопје, а останатите места по друли сектори. Постапката за селекција на кандидатите ќе ја спроведува Комисија формирана од министерот, а ќе се состои од: административна селекција; писмено тестирање, психолошко тестирање; интервју; безбедносна проверка и здравствени прегледи. Селекцијата ќе се спроведува по пат на тестирање за стручна оспособеност за делот во кој аплицирале.
„Во пријавата кандидатот задолжително да ја наведе позицијата на работното место за кое аплицира како и број за контакт.Кон пријавата може да ги наведе причините за аплицирање, очекувањата од работата или целите во кариерата како и да приложи и други документи од негов интерес. Доколку кандидатот има претходно работно искуство или работен стаж кон пријавата може да приложи и извод од историјатот на вработувањата“, нагласува Котевски.
Пријавата со потребната документација, кандидатите треба да ја поднесат лично на местата каде што е определено да бидат доставени според нивната определба за работна позиција, а се истакнати во огласите и на интернет страницата на МВР. Рокот за доставување на пријавите е 15 дена од денот на објавување во дневните печатени медиуми. Од МВР велат дека ненавремената и непотполната документација немало да биде разгледана.
Наташа Гркова- Петрушевска
