Достапна вакцината против срептокока

10.07.2015 16:20

Вакцината против бактеријата стрептокока станува достапна и за други деца, а не како досега, само за 30-тина годишно кај кои е констатирана специфична здравствена состојба. Околу 3 илјади деца годишно страдаат од воспаление на увото или белите дробови, за што најчест причинител е токму страптококата...

Бесплатни вакцини против стрептокока- надлежните набавија 3.000 дози. Десет дечиња веќе се вакцинирани. Досега годишно ја примаа само 30-тина со специфична здравствена состојба. Имунизацијата против оваа бактерија не е задолжителна, но се препорачува за деца со намален имунитет - штити од воспаление на белите дробови и увото, бронхитис, сепса. Можат да се вакцинираат деца од 6 недели до 5 годишна возраст.

„Ако во моментот детето има температура и има симптоми само тогаш не може да се прими вакцината, а инаку во мирна состојба кога нема симптоми може да се прими. Затоа што оваа бактерија многу често знае да биде колонизирана да ја има во носот и грлото кај детето ама да не дава симптоми, па да биде опасност за другите деца“, изјави д-р Јованка Костовска - Сектор за превентивна здравствена заштита.  

Родителите кои сакаат да ги вакцинираат децата можат да го сторат тоа во Центрите за имунизација во местото на живење. Откако ќе се пријават, во рок од 10 дена ќе бидат повикани за вакцинација. 

„Според искуствата на педијатрите во нашата држава, третманот на заболувањата причинети од бактеријата стрептокока вклучува долготрајна антибиотска терапија, а често е потребно и болничко лекување. Инфекцијата може да се повторува и доколку не се третира навремено може да предизвика последици врз здравјето на детето“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.    

Околу 2.000 дечиња во земјава годишно имаат воспаление на белите дробови, а околу 1.000 на увото. Кај 90 проценти од случаите причинител е токму бактеријата стрептокока.

 

Андријана Атанасовска