На трки во Австрија и Германија, со ЗОИ во мислите
Македонските репрезенти во зимските спортови деновиве се во Алпите. Следат завршните настапи, кои ќе го дефинираат списокот за пат на Зимските олимписки игри во Сочи. Алпинците се во познатиот австрискиот центар Турнау. Антонио Ристовски и Дардан Дехари предводени од селекторот Иван Лесевски се соочени со три фис-трки во слалом во кои ќе се обидат да ја исполнат олимписката норма. Антонио Ристовски е во поповолна ситуација. Место меѓу првите 500 на фис-листата му обезбедува пат на Олимпијадата.

Македонските репрезенти во зимските спортови деновиве се во Алпите. Следат завршните настапи, кои ќе го дефинираат списокот за пат на Зимските олимписки игри во Сочи. Алпинците се во познатиот австрискиот центар Турнау. Антонио Ристовски и Дардан Дехари предводени од селекторот Иван Лесевски се соочени со три фис-трки во слалом во кои ќе се обидат да ја исполнат олимписката норма. Антонио Ристовски е во поповолна ситуација. Место меѓу првите 500 на фис-листата му обезбедува пат на Олимпијадата. Тој во моментов е на 491 место, му треба само уште еден добар резултат за исполнување на целта. За Дехари задачата е потешка. Во трките со скијачи од многу земји кои го „фаќаат“ последниот воз за Сочи, тој два пати мора да освои фис-точки неопходни за учество на големиот настан.
„Нордијците“ деновиве се во Руфолдинг во Германија, во еден од најголемите светски центри за биатлон и крос-кантри. Дарко Дамјановски и Марија Коларовска на 17 и 18 јануари ќе бидат дел од натпреварите од Европскиот куп во биатлон. На програмата се трките во спринт и пурсуит. Дамјановски од поодамна е со исполнета А норма за Олимпијадата , Коларовска има Б норма, која се уште не и гарантира учество на Игрите. По настапот во Руфолдинг Дамјановски и Коларовска заедно со селекторот Ѓоко Динески до 30 јануари ќе престојуваат на Планица во Словенија одработувајќи ги последните подготовки за Олимписките игри.
