Фудбал - Квалификации за Лига на шампиони 2 коло

АПОЕЛ фаворит, Вардарци мотивирани

10.07.2015 21:04

Фудбалерит на македонскиот шампион го респектираат противникот, ги ценат неговите успеси во минатото, но не се плашат...

Пред 11 години црвено - црната фудбалска еуфорија за малку не се претвори во чудо. Вардар го делеа детали од пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Оттогаш Вардар се симна и до дното и се искачи повторно на домашниот врв којшто му овозможи две пресметки со АПОЕЛ. Кипарскиот првак четирипати беше дел од елитата, стигна и до четвртфиналето, важи за фаворит, но тоа е само дополнителен мотив за вардарци на стартот на 19-та клупска европска сезона.

Фудбалерит на македонскиот шампион го респектираат противникот, ги ценат неговите успеси во минатото, но не се плашат. Кипраните загубија неколку пријателски натпревари, но тоа не мора да значи ништо, затоа што елитните дуели имаат сосема поинаква димензија, изјавија од црвено - црниот табор на прес конференцијата. 

Вардар одработи добри подготовки и затоа нековите фудбалери се отимисти дека на Никозија можат да оставрат добар резултат пред реваншот на Арената Филип Втори.

Ексклузивните преноси од двата натпревара од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите меѓу АПОЕЛ и Вардар ќе бидат на Македонската телевизија, од Кипар на 14-ти и од Скопје на 21 јули.