Туск: Обезбедена финансиска помош за Грција во замена за сериозни реформи
13.07.2015 09:43
Одлуката е донесена по 22 часа преговори...

Грција ќе добие нова финансиска помош, одлучија едногласно лидерите од еврозоната, наведе Доналд Туск претседател на Европскиот совет кој претседаваше со средбата на еврозоната посветена на Грција.
Се е подготвено Европскиот механизам за стабилност да обезбеди финансиска помош за Грција во замена за сериозни реформи, наведе Туск на Твитер.
Одлуката беше донесена по 22 часа преговори.
