Ирак: Најмалку 35 жртви во повеќе напади во Багдад
13.07.2015 11:34
Најсмртоносниот бил во северната област Шааб, каде што во експлозија бомба загинаа 19 луѓе...

Најмалку 35 лица загинаа во повеќе бомбашки и самоубиствени напади во Багдад, чија цел биле шиитските квартови.
Најсмртоносниот бил во северната област Шааб, каде што во експлозија бомба загинаа 19 луѓе. Автомобилот експлодирал во близина на преполн пазар.
Во областа Бунук, пак, автомобил бомба усмртил девет луѓе. Во нападите биле ранети и најмалку 100 лица.
