Сирија: Експлозија уништи дел од цитадела во Алепо
Средновековната цитадела во Алепо е истакнато обележје на градот кое некогаш било полно со туристи. Од 1986 година е на листата на УНЕСКО како светско културно наследство...

Експлозија во тунел во градот Алепо на северот од Сирија оштетила ѕид на позната средновековна цитадела. Сириската опсерваторија за човекови права соопштила дека бунотвниците го ископале тунелот пред да го откријат владините сили, по што го кренале во воздух.
Средновековната цитадела во Алепо е истакнато обележје на градот кое некогаш било полно со туристи. Од 1986 година е на листата на УНЕСКО како светско културно наследство.
Исламска држава во мај го зазеде историскиот град Палмира во централните делови на земјата, што предизвика страв кај јавноста дека би можеле да ја уништат локацијата, позната по 2 илјади години старите римски колонади.
