Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
13.07.2015 12:33
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 73,50 денари за литар...

За половина денар од полноќ се зголемува малопродажната цена на бензините, додека на дизелот се намалува за 1,5 половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 73,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 53,50 денари за литар, а на екстралесното масло за домаќинство 42 денара. Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 26,3 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар изнесуваше 58,6 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 55,66 денари за долар.
