Заложничка драма во Париз
Вооружена група засега непознати криминалци изутрината упадна во трговскиот центар во една париска населба и во заложништво држеше повеќе лица. 18 од нив се евакуирани, а полицијата продолжува со пребарувањето...

18 вработени во продавницата „Примарк“ во трговскиот центар во Вилнев-ла-Гарен во Горна Сена, парискиот регион, беа евакуирани од специјалните полициски сили РАИД, јави предмалку Фигаро. Тие се криеа во внатрешноста на трговскиот центар Кварц, откако во 6:30 утрово, вооружена група ја нападна продавницата „Примарк“ со цел да изврши грабеж. Исплашени, 18 вработени се сокриле во кантината на трговскиот центар, според полициските извори.
„Осумнаесет луѓе се евакуирани во 10:30, на еден од нив му се слошило, но нема повредени“, изјави извор од полицијата, додавајќи дека „пребарувањата продолжуваат да се лоцираат тројцата криминалци“.
Сеуште е нејасно дали тие држат како заложници други вработени во трговскиот центар.
Нападот беше пријавен од страна на вработен во продавница „Примарк“, која испрати СМС порака во 07:01 до нејзиното момче за да му каже тие беа земени како заложници од страна на две вооружени лица.
Тони Гламчевски
