Објавени најдобрите фотографии за Скопје

16.01.2014 13:02

Првата награда од 50 илјади денари, ја освои Зоран Ефремов за фотографијата „Скопје рано”, втората награда е за Дарко Цветановски, за „Сообраќај“.

 

 Втората награда изнесува 40 илјади денари, додека  третата  од 30 илјадиденари, ја доби Влахо Бранѓолица за фотографијата насловена како „Порта ноќе”.

На конкурсот беа пристигнати 53 шифрирани пликоа со фотографии,  а изборот на најдобрите 3 фотографии го изврши специјална комисија.. Град Скопје, неодамна објави нов конкурс за избор на три најдобри фотографии со мотиви, на којшто може да учествуваат сите професионалци, аматери, деца и сите оние што го сакаат фотографирањето и кој ќе трае до 30-ти април. Повеќе за конкурсот на интернет страницата на Град Скопје.