Во „Југохром“ уништено запленето оружје и дрога

13.07.2015 15:19

Во присуство на министерот за внатрешни работи и членовите на комисијата задолжена за уништување на оружјето кое се чуваше во институционалните депоа, во печките на „Југохром“ завршија вкупно 593 парчиња...

Во „Југохром“ во Јегуновце е уништена поголемо количество оружје, одземено во постапки што се веќе завршени со правосилна судска пресуда. Во присуство на министерот за внатрешни работи и членовите на комисијата задолжена за уништување на оружјето кое се чуваше во институционалните депоа, во печките на „Југохром“ завршија вкупно 593 парчиња.

МВР само лани има откриено и документирано 200 кривични дела поврзани со недозволена трговија и поседување оружје и распрскувачки материи. Кривичните пријави се поднесени против 225 осомничени лица, а при акциите биле запленети 221 парче оружје и 3.102 парчиња муниција.

Освен оружјето, беа уништени и над еден тон разни видови наркотици.