Телесниот хендикеп не е пречка за среќно семејство
Примерот на Марија и Бобан покажува дека телесниот хендикеп не е пречка за среќно семејств. И покрај здравствените проблеми кои и двајцата ги имаат, на своите две дечиња им пружаат целосна љубов и посветеност. Планираат да имаат и трето дете...

Судбината се обидела да си поигра со нивниот живот. Тие не дозволиле телесниот хендикеп да ги запре, живеат среќни. 10- годишната Марија и малиот Стефан им се водилка низ животот. Маја боледува од ревматоиден артритис, а Бобан има вроден проблем, едната нога покуса. Првпат се сретнавме на курс по информатика, љубов на прв поглед. 13 години се во брак. Првата бременост на Маја била ризична- здравјето дополнително и се влошило по пораѓајот. Но, силната мајчинска љубов и поддршката од сопругот и дале сила. По ќерката родила и син.
„Бев целата збунета, не можев да поверувам дека станав повторно мајка. Во тој момент сакав мојата ќерка да го види бебето, бидејќи тоа беше нејзина најголема желба која сакавме да и ја оствариме“, вели Маја Велкова.
„Доаѓањето на свет на сопственото чедо е нешто неверојатно. Кога го видовме со Марија се гушнавме, Марија заплака“, додава Бобан Велков.
Маја и бобан менаџираат сопствен бизнис, нивната ќерка Марија тренира ракомет и е успешен голман. Има време да и помага и на мајка и.
„Сега ми е многу поубаво откако си имам братче зашто претходно бев сама и желбата ми се исполни. Јас навистина не можам да бидам подалеку од него затоа што многу си го сакам. Тоа е единственото нешто во светот што го сакам“, вели Марија.
Маја и Бобан велат, сакаат и трето дете. Но здравствениот проблем им е пречка за повеќедетно семејство. Имаме посебни потреби, а не сме поинакви од другите, ќе направиме се Марија и Стефан да ги научат животните вредности, велат тие.
Андријана Атанасовска
