Пресуда за Верушевски во четврток
13.07.2015 16:38
Верушевски во завршен збор побара судот да му ја врати футролата од пиштолот...

Судот да го ослободи Зоран Верушевски од обвинение за нелегално поседување пиштол, побараа на денешното рочиште неговиот адвокатски тим. Според нив, станува збор за службен пиштол Црвена Застава кој му бил доделен кога стапил во служба во МВР, а по заминувањето од работа, никој не побарал да го раздолжи.
Обвинителството, пак побара судот да изрече казна за поранешниот прв човек на тогашната ДБК, Верушевски, бидејќи свесно, иако не работел повеќе во полициските структури, го држел оружјето во станот во скопски Аеродром.
Верушевски во завршен збор побара судот да му ја врати футролата од пиштолот. Пресудата ќе биде објавена во четврток.
Анита Димитријевска
