Државата продава 100 деловни простории

13.07.2015 17:25

Најголем дел од просториите се во Скопје на 34 различни локации, останатите се во Куманово, Прилеп, Велес, Гевгелија...

На продажба се 100 деловни простории во државна сопственост. Јавното претпријатие за стопанисување со деловен простор го објави вториот оглас. Најголем дел од просториите се во Скопје на 34 различни локации, останатите се во Куманово, Прилеп, Велес, Гевгелија.

Според владиниот портпарол наместо да се даваат пари за закуп проектот, дава можност на бизнис заедницата да се стекне со сопственост на локалите во кои веќе работат. Апликации можат да достават сите правни субјекти, но и физички лица. Оној што ќе понуди највисока цена на јавното наддавање ќе го купи објектот.

Јавното наддавање ќе се врши по електронски пат, одделно за секој деловен објект и тоа најдоцна 30 дена од денот на објавата.  Каталогот во кој се наведени локалите со местоположбата, квадратурата и почетната цена е достапен на веб страницата на ЈП за стопанисување со деловен простор во државна сопственост.

Сунчица Николоска