Фудбал – трансфери

Стерлинг, најскап англиски фудбалер

13.07.2015 20:27

Ливерпул и Манчестер Сити се договорија, Рахим Стерлинг ќе биде нов играч на граѓаните...

Фудбалското трансфер лето ќе биде долго, засега најактивни се англиските екипи, газдите не штедат.

Ливерпул и Манчестер Сити се договорија, Рахим Стерлинг ќе биде нов играч на граѓаните. Цената е баснословна за фудбалер кој е талетиран, но се уште недокажан. Сити на црвените ќе им плати 68 милиони евра со што Стерлинг ќе биде најскапиот англиски фудбалер во историјата, повреден дури и од Агуеро, Азар, АСанчез, па и од Зидан и Фиго, некогаш. 20-годишниот Стерлинг на Итихад ќе заработува 278 илјади фунти неделно.

Манчестер јунајтед пак, повторно формира суперквалитетен тим. И официјално, Бастијан Швајнштајгер од Баерн Минхен потпиша тригодишен, а истовремено на година плус верност се обврза и досегашниот фудбалер на Саутемптон, Морган Шнајдерлин.

На Челзи пак, му е важно и резервниот голман да биде квалитетен, па од денеска во наредните четири сезони,  босанскиот репрезентативец од Стоук, Асмир Беговиќ ќе биде чувар на мрежата на Челзи.