Се подготвува нов Закон за тутун
14.07.2015 10:46
Тутунарите бараат јавно објавување на договорите и на откупните цени што ќе биде пресудно за одлуката каде ќе се предаде родот...

За да можат навреме да го обезбедат семенскиот материјал, тутунарите во новиот Закон, кој е на јавна расправа, бараат продолжување на сегашниот рок до 28-ми февруари за склучување на договори со откупните организации.
Производителите бараат и јавно објавување на содржината на договорот за навремено запознавање со понудените откупни цени на сите монополи.
Тоа ќе им помогне во изборот на компанијата каде што ќе го предадат своето прозводство.
Методија Трајков
