Постигнат историски договор за нуклеарната програма на Иран

14.07.2015 10:55

Според европски дипломатски извор, Европската Унија ќе ги замрзне санкциите против Иран до крајот на годината и ќе биде донесена одлука за нивно целосно укинување...

Иран и шесте светски сили постигнаа историски договор за нуклеарната програма, со што  на Техеран ќе му бидат укинати санкциите во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Според европски дипломатски извор, Европската Унија ќе ги замрзне санкциите против Иран до крајот на годината и ќе биде донесена одлука за нивно целосно укинување. 

Тешката и макотрпна работа даде резултати, ние постигнавме договор, изјави ирански дипломат. Во Виена, министрите за надворешни работи на Иран и шесторката ќе ги завршат преговорите со пленарна седница, а на прес конференција ќе бидат обелоденети детали за договорот.