Хан, Вајгл, Ховит и Кукан во Скопје по решение за политичката криза
14.07.2015 10:01
Во основата за постигнување конечен договор е договорената рамка од втори јули, што предвидува реформи во неколку области и одржување вонредни парламентарни избори...

Еврокомесарот за проширување и европска политика Јоханес Хан денеска во Скопје ќе се сретне со лидерите на четирите политички партии, да издејствува конечен договор за политичката криза во земјава.
Ќе има поединечни средби, по кои се очекува да се одржи и заедничка лидерска. На средбите ќе присуствуваат и тројцата европратеници, Вајгл, Ховит и Кукан.
Во основата за постигнување конечен договор е договорената рамка од втори јули, што предвидува реформи во неколку области и одржување вонредни парламентарни избори, најдоцна до април следната година.
