Синдикатот и работодавачите се договорија К- 15 да не биде задолжителен

14.07.2015 11:23

Фирмите ќе можат да исплаќаат или не К-15 во зависност од договорот меѓу вработените и работодавачите...

Регресот за годишен одмор, т.н. К-15 повеќе нема да биде задолжителен- се договорија Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи.

Фирмите ќе можат да исплаќаат или не К-15 во зависност од договорот меѓу вработените и работодавачите. 

Останува горната граница за исплата на К-15 од 8.400 денари.