Фудбал

Вардар на крилјата на убави желби

14.07.2015 11:32

Никозија, почетната натпреварувачка позиција за Вардар, резултатски не е гостољубива средина. Во последното десетлетие гостуваа неколку македонски екипи, сите се враќаа поразени, со наведнати глави, дури и без постигнат гол...

Европа, предизвик за секоја амбициозна средина во фудбалското соѕвездие. Вардар по двегодишната пауза зачекорува во тој свет исполнет со убави желби, но и искушенија. Кипарскиот Апоел е вистинскиоот испит на зрелоста на оваа генерација на Вардар. Ќе има ли сили да опстои во длабоките фудбалски води, во кои пливаат националните шампиони?

Никозија, почетната натпреварувачка позиција за Вардар, резултатски не е гостољубива средина. Во последното десетлетие гостуваа неколку македонски екипи, сите се враќаа поразени, со наведнати глави, дури и без постигнат гол. Вардар, можеби ќе ја смени сликата за македонскиот фудбал на „ГСП“ стадионот.

Богата традиција и резултатски континуитет се пропознатливоста на најтрофејниот кипарски клуб. 24 шампионски титули, од 60-тите години постојани учества во европските купови со силен натпреварувачки подем. Три пати Апоел стигна и до групната фаза од Лигата на шампионите.Бобан Грнчаров, вели дека Апоел денеска не е толку силен како пред 3 сезони, во времето кога тој го носеше дресот на Кипраните и стигна дури до ¼ финалето.Но, и со денешниот играчки стандард Апоел  има фаворитска ролја во двомечот против Вардар. Дузина кипарски репрезентативци, 5-мина Бразилци, тројца Шпанци, двајца Португалци, Аргентинец, Холанѓнец и еден Македонец, Валмир Нафиу го сочинуваат поширокиот состав на Апоел, предводен од португалскиот стратег Домингош Пациенција.

Вардар низ призма на индивидуалната цена на играчите не може да се мери со Апоел. И натаму клупската ориентација е насочена кон домашните вредности. На имињата, кои на крајот од сезоната ја исковаа 8-та шампионска ѕвездичка им се придружија  Дарко Велковски, Николов, Стојков,Брдаровски,Гачевски. „Црвено-црниот “ дрес го облекоа и Бразилецот Фелипе и Црногорецот Мијушковиќ.Респектибилно друштво! Но, дали и доволно силно да потсети на 2003-та кога Вардар стигна до 3-то квалификациско коло и во дуелот со Спарта од Прага само нијанси го делеа од место во групната фаза!Многу мотивирани „вардарците“ отпатуваа на Островото, од каде допираат оптимистички тонови и верба дека реваншот во Скопје ќе пресуди.Вардар, формата ја ковеше во Австрија, Апоел во Полска. Двете екипи одиграа по неколку контролни натпревари. Заедничко и на Вардар и на Апоел  се лошите резултати но, вечер во Никозија следи претстава од поинаков карактер!.Апоел-Вардар на ГСП стадионот е со почеток во 19 часот со пренос  на Македонската телевизија.