Две експлозии во рафинерија на југот на Франција

14.07.2015 11:41

Локални медиуми соопштуваат дека двете експлозии се случиле во близина на резервоари со големи количини на опасни материи...

Експлозии во рафинерија на југот на Франција. Локални медиуми соопштуваат дека двете експлозии се случиле во близина на резервоари со големи количини на опасни материи.

120 пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот. Нема податоци за повредени. Се уште не се познати причините за инцидентот, а властите презеле посебни мерки за заштита од загадување.