Награда од 3,8 милиони долари за информација за наркобосот Ел Чапо

14.07.2015 11:45

Министерот за внатрешни работи најави дека директорот на затворот по добро испланираното бегството ќе добие отказ...

Продолжува потрагата по најпознатиот мексикански наркобос Ел Чапо, кој во саботата избега од затворот со максимална безбедност. Мексиканските власти нудат награда од 3,8  милиони долари за информација каде се наоѓа бегалецот. 

Министерот за внатрешни работи најави дека директорот на затворот по добро испланираното бегството ќе добие отказ, и соопшти дека потрагата нема да запре додека Ел Чапо повторно не биде зад решетки.

Досега 50 луѓе, меѓунив 32-ца вработени  во затворот се испрашуваат поради сомнение дека учествувале во организираното бегство.